Type and press Enter.

10 години ФОРТ

10 години ФОРТ

Десет години Форт кафе, местото кое ја раскажува градската приказна на Охрид

На 21. Септември 2023 година прославивме 10 години успешна работа.

Остануваме местото кое го има еден од најубавите погледи кон Охрид, под Самуиловата тврдина, и веќе цела деценија е изборот на многу охриѓани за одмор и уживање.

ФОРТ ја раскажува градската приказна на Охрид, времето на нашите предци и нивниот начин на живот. ФОРТ е душата, традицијата, спомените на нашите семејства. Целата приказна, традиција, семејни вредности, ја раскажуваме на еден поинаков, потопол, поавтентичен, поуникатен начин, со што го претставуваме Охрид каков што е во суштина.

Охрид е, традиција, култура, богатство, дух, љубов… Охрид е питом, мал а голем, полн со приказни со вистински вредности, град кој раскажува ако го слушаш, град кој пее ако знаеш да му ја слушнеш песната, град на уметноста, град на светлината, град на мирот, спокојот, тишината, верата, надежта и љубовта.

Продолжуваме понатаму… со љубов, ФОРТ кафе!