ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ:
ФОРТ ја раскажува градската приказна на Охрид, времето на нашите предци и нивниот начин на живот.
ФОРТ е душата, традицијата, спомените на нашите семејства.
Во внатрешниот дел има мал музеј на семејни предмети кои датираат од триесеттите години на минатиот век, колекции на часовници, фотоапарати, камери, грамофони и грамофонски плочи, телевизори, радија, сервиси за домаќинство и сето тоа е лична колекција на четири генерации од нашето семејство.
Целата приказна, традиција, семејни вредности, ја раскажуваме на еден поинаков, потопол, поавтентичен, поуникатен начин, со што го претставуваме Охрид каков што е во суштина.
Охрид е, традиција, култура, богатство, дух, љубов…
Охрид е питом, мал а голем, полн со приказни со вистински вредности, град кој раскажува ако го слушаш, град кој пее ако знаеш да му ја слушнеш песната, град на уметноста, град на светлината, град на мирот, спокојот, тишината, верата, надежта и љубовта.
Ваше ФОРТ кафе