Type and press Enter.

Креаторот на Охридската Приказна Форт

Тивко место, пред влезот на Самоиловата тврдина. Врз основа на стари семејни традиции создадовме понуда како специфичен туристички производ. Целата приказна, традиција, семејни вредности, ја раскажуваме на еден поинаков, потопол, поавтентичен, поуникатен начин, со што го претставуваме Охрид каков што е во суштина. ФОРТ ја раскажува градската приказна на Охрид, времето на нашите предци и нивниот начин на живот. ФОРТ е душата, традицијата, спомените на нашите семејства. Во внатрешниот дел има мал музеј на семејни предмети кои датираат од триесеттите години на минатиот век, колекции на часовници, фотоапарати, камери, грамофони и грамофонски плочи, телевизори, радија, сервиси за домаќинство и сето тоа е лична колекција на четири генерации од нашето семејство. Нашите отворени тераси со уникатен поглед на царската тврдина или на Охридското езеро, со природна сенка и цветна градина се вистинска оаза во топлите денови.

Ведрината, љубезноста и гостопримството на нашиот персонал составен од млади, весели и љубезни луѓе ќе го надополни и комплетира вашето уживање. Купете уникатен сувенир, прочитајте ја вашата книга, завршете ги вашите задачи преку интернет, испијте го кафето со омилениот десерт, слушајте музика по ваш избор на грамофон, резервирајте ги вашите интимни моменти со уникатната охридска трпеза, уживајќи во мирот и спокојот и најубавиот поглед од врвот на Охрид. Охрид е традиција, култура, богатство, дух, љубов … Охрид заслужува и нуди автентична приказна. Таа не треба да се измисли, ја имаме во наследство од нашите семејства и со задоволство ќе ви ја раскажеме при вашата посета на нашето Форт кафе.